Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина ЗПЗСУ ПДДМ најавува дека во среда на 15 јуни 2022 год. во 12 часот пред Министерството за здравство ќе одржи протест под слоганот „ Да го повратиме нашето лично достоинство и достоинството на професијата“.
Здружението ги повикува сите колеги да земат учество на протестот со цел заедно да го искажеле незадоволството од крајно лошата ситуација во која се наоѓале, како и од според нив игнорантскиот однос на Министерот за здравство кон поднесените предлози и барања на здружението за начинот на финансирање на стоматолошка здравствена заштита.
„Ова се нашите клучни барања:
-
Промена на начинот на исплата во стоматологија преку фиксен загарантиран дел и променлив дел преку партиципација на пациентите Оваа сума да биде исплатена врз основ на постоење на тим во мрежата, согласно член 28 од законот за здравствена заштита, а не врз основ на запишани пациенти. – Укинување на матичен стоматолог
-
Промена на Уредбата на Владата за утврдување на мрежата – Оптимализација на бројот на стоматолошки тимови согласно потребата на осигурениците /пациентите без осигурување, согласно последните демогравски податоци од пописот и согласно светските стандарди и усвојување на методологијата за пресметка на цени, а согласно законот за здравствена заштита член 17 став 3 од Законот за Здравствена заштита
-
Да се зголеми буџетот за стоматологија соодветно на потребите за исплата на фиксниот дел по тим.
-
Корегирање и јасно дефинирање на постоечката листа на услуги согласно законот за здравствено осигурување .
-
Корекција на постоечкиот износ на партиципација во стоматолошката здравствена заштита согласно растот на цените за потребните материјални и основни трошоци користени при секоја интервенција или преглед.
-
На здравствените установи надвор од мрежата да им се овозможи издавање на рецепти, упати, боледувања и да се изостави потребата од квалитетна финансиска гаранција од ликвидна банка или хипотека на недвижен имот.
-
Поради тесната поврзаност на примарната и секундарната стоматолошка дејност, овозможување на регистрација и функционирање на поликлиники составени од примарна и секундарна стоматолошка дејност како и склучување на договори за работа помеѓу приватни здравствени установи од примарна и секундарна стоматолошка дејност“, велат стоматолозите.