Сојузот на борци формира општинска организација во Крушево, ќе работи на промоција и заштита на наследството

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во кабинетот на градоначалникот на општина Крушево денес се одржа работен состанок со Сојузот на борци од Народноослободителната војна (СБНОВ).

На состанокот се формираше општинска организација на СБНОВ во Крушево со цел да се продолжи работата на членовите на Сојузот од Крушево. Присутните избраа претседател на организацијата и претседателство.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски порача дека ја поддржува работата на СБНОВ затоа што таа го штити наследството од еден од најважните историски периоди за државата.

„Драго ми е што ќе функционираме на локално ниво и заедно ќе работиме на заштита и промоција на сите споменици, историски настани и ликови поврзани со Народноослободителна борба. Во Крушево има музеј на НОБ и затоа во работата на Сојузот на локално ниво ќе се вклучат и останати засегнати институции.“, изјави градоначалникот Христоски.

На средбата присуствуваа и Никола Стојановски, претседател на Главниот одбор на СБНОВ, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, потпретседател на Главниот одбор на СБНОВ; Наум Бурески, претседател на Градската организација на СБНОВ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира