На 06.07.2022во Ресен се одржа конференција за почеток на проект за заштита на животната средина во Преспа. Имено, проектот „Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА“ е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.
На конференцијата присуствуваше проектниот тим и партнерите во проектот, односно Oпштините на чело со градоначалниците Јован Тозиевски од Ресен и Едуард Дуро од Девол, а повеќето од присутните беа претставници на институции, земјоделци и земјоделски друштва, претставници на училишта и сл.
Проектниот тим ги презентираше активностите на проектот кои ќе придонесат кон заштита на животната средина особено со изградба на канализациски мрежи и пречистителни станици во двете општини, како и подигање на свеста кај граѓаните и зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите од двете страни на границата. На крајот се отвори и дискусија на која им беа одговорени прашањата на присутните, а истите изјавија желба да придонесат за уште поуспешна реализација на проектот Преспа.
Автор: Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп