ВИДЕО – Во Крушево се одржува најелитниот Светски куп во параглајдери, викендов преполно со гости, се бара место повеќе

Во Крушево се одржува најелитниот Светски куп во параглајдери, во дисциплината прелети, каде од 130 параглајдеристи 70 се со квалификациски број А. Организаторите велат дека ова е вистинска реткост. Во моментов во Крушево само за овој натпревар има над 500 гости од 40 држави од светот. Вакви купови се одржуваат годишно само 5 низ целиот свет и тоа само на најдобрите дестинации за летање.

„После Светското првенство во 2019 година што мислам дека го стави Крушево буквално на најпопуларните места во светот за летање, најдобрите 70 пилоти од овие 130 што се тука се највисоко рангирани во светот, спортски тешко дека некаде може да се собере појака конкуренција“, вели Горан Димишкоски, претседател на Светскиот куп во параглајдерство.

 

Овој Светски куп ќе биде иницијална каписла за да повторно продолжи тој развој на параглајдерството што успешно го водевме во последните 10-тиина години тука во Крушево и се надевам дека и после овие кризи ќе се вратиме на зголемен број на туристии“, истакна Мартин Јованоски, организатор на Светскиот куп во параглајдерство.

Параглајдеристите од целиот свет се буквално восхитени од тоа што Крушево нуди за летање.

Mестото е неверојатно за летање, стабилно време, со многу денови за летање во текот на годината, пилотите имаат голема доверба ово ова место, затоа многу го сакаат и затоа многу натпревари се одржуваат тука, затоа што ското секој ден можеш да леташ тука“, истакна Степан Кечиџи, пилот од Украина.

 „Пред 10 години летав на ова место и ова е прекрасно место за летање на Балканот и овој дел на Европа“, додаде Владимир Пиривалов, пилот од Украина.

 „Предвидливи услови за летање, добро време, добар терен за летање, добро знаење на локалците тука за условите за летање, воздушните струи итн…“ вели рече Филип Брос, пилот од Белгија.

 „Го сакам ова место, нуди многу можности, многу вариетети на теренот, прекрасно е“, рече Руни Хајсен, пилот од Холандија.

 Параглајдеристите носат голем економски приход за Општината само ова лето се очекува да има над 4.000 парагладеристи во повеќе првенства коии ќе се организираат тука.

„Градот е преполн, се бара место повеќе, легло повеќе, примамливо е да се следи натпреварот и од областа на туризмот и од областа на спортот и спортските инвеститори кои сакаат да се приклучат дополнитечно кон изградбата на нашето Крушево и со тоа сакаме да направиме уште доста натпревари кои ќе привлечат доста внимание и ќе привлечат нови инвестции во областа на авантуристичкиот туризам“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Крушево во иднина планира изградба и на нови стартови за полетување и нова инфраструктура за подобри услови за параглајдеристите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи