Водата во Крушево е безбедна за пиење

Водата во Крушево е безбедна за пиење, тоа го потврдува испитувањето од месец јуни 2022-ра година.

Центарот за јавно здравје од Прилеп по спроведените испитувања во јуни потврдува дека во водата во град Крушево не се пронајдени бактерии и истата е безбедна за пиење. Центарот спроведе хемиска и бактериолошка анализа и извештајот е доставен до ЈП „Комуна“ Крушево.

„Повикуваме граѓаните да бидат мирни и да се чувствуваат безбедно кога консумираат вода. Водата е испитана и потврдено е дека е безбедна.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево, по одредени поплаки и сомнежи од граѓани дека водата за пиење не е безбедна.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи