Повеќе лица низ Прилеп се уапсени во текот на вчерашниот ден поради недозволено производство и дистрибуција на наркотични супстанци.
Имено, во 11.25 часот на ул.„Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.С.(32) и Ф.П.(32), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ф.П. и била пронајдена и одземена воздушна пушка.
Во 11.50 часот на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Б.(37) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и дробилка со остатоци од марихуана.
Во 15.30 часот на ул.„Скопска“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ја лишиле од слобода М.Д.(29) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
Во 22.30 часот на ул.„Спиро Црне“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода И.К.(50) и Е.Р.(30), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Сите лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.