Млади претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР од 29 септември до 6ти Октомври 2022 година беа дел од младинската размена “Стари занимања, нови времиња” која се одржа во Романија, а беше организирана со поддршка на Еразмус+Програмата.
Програмата на младинската размена беше насочена да ги промовира старите занимања, да им помогне на младите учесници да развијат дигитални вештини со цел да се зголемат нивните шанси за вработување и да се подготват за промените во денешниот свет, како и да ги опреми учесниците со претприемачки вештини преку стимулирање на нивната креативност за промовирање и/или зајакнување на вредноста на традиционалните занимања со помош на технологијата.
20 претставници од четири партнер организации – Здружение Млади за заедницата Бистрица,Романија; Здружение ИнКо Молфета, Италија; Здружение Екосвет Родопи и ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Македонија имаа можност да посетат мали бизниси во руралните средини во Романија кои и денес ги одржуваат во живот старите традиционални работни места и се промотори на националниот идентитет и наследство на земјата, да се запознаат со значењето на традиционалните занимања и да ги идентификуваат можностите овие занимања да се атрактивни и одржливи во ова модерно време.