Со проектот „Хепенинг“ на прилепскиот Завод и Музеј, денеска во селото Небрегово, во Спомен домот на Блаже Конески, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, ученици од прилепските училишта и околината твореа слики со мотиви од делата на Конески, како и нивна лична поезија инспирирана од делото на нашиот Великан. Претходно како дел од проектот и запознавање со Конески уште од намјали нозе со свои активности учествуваа и намјладите од градот. Наредна активност е читање на поезијата на Конески на повеќе јазици.
„Се чита поезијата на Блаже Конески и тоа на 7 јазици: македонски, албански, турски, влашки, гермнаски, бошњачки и ромски. Тоа значи дека Конески не обединува и не учи како да живееме заедно и да ги почитуваме различностите“, изјави Лилјана Неделкоска, координатор на проектот „Хепенинг“ и библиотекар во Завод и музеј Прилеп.
Учениците кои се дел од проектот велат дека се горди продолжувачи на ликот и делото на Конески.
„Се чувствуваме задолжена да ги следам чекорите на Конески, денес сум тука да творам за него, инспирирана од неговиот живот и од стиховите кои претодно читавме создадени од него“, вели Леона Аврамоска, ученик.
„Со македонскиот јазик сме запознати уште со самото започнување од прво одделение, па се до 4 година на средно училиште. И мислам дека треба што повеќе да ги читаме македонските поети и писатели за да што повеќе допрат до нас како млади личности“, додаде Марија Шекеровска, ученик.
Од Фондацијата „Небрегово“ или сега Културно едукативниот центар „Небрегово“ истакнаа дека на само на ваков начин, со голем број активности, се подготвуваат идните студенти кои би го изучувале и чувале македонскиот јазик.
„Како треба да се подготвуваат идните ученици во средно училиште и идните студенти, а не да се чекаат сами да дојдат, треба идните студенти да се подготвуваат на овој начин, како што го покажува денешниот пример, како што го потврдуваме ние со нашите бројни активности како „Фондација“. И уште да додадам дека нашите програмски активности се остваруватат. Ма 100-те години од неговото раѓање ние уште еднаш побаравме да се именува улица „Блаже Конески“ во Скопје. Да се утврди или Собранието да донесе годишна награда „Блаже Конески“ или да се заведи стипендија „Блаже Конески“ за талентираните учениците и студенти што ќе го проучуваат епохалното дело на Блаже Копнески“, изјави Атанас Конески, секретар на Управниот одбор на Културно едукативниот центар „Небрегово“.
Инаку Фондацијата „Небрегово“ постои 21 година, а досега има издадено 16 изданија, 10 во едицијата „Македонски збор“, а другите во „Поттикот Конески“.