Македонски Железници ја укина Орешка станица, единствената станица на пругата Богомила – Прилеп која ја користеа планинарите кои се искачуваа кон врвот Солунска Глава, како и жителите од двете планински села Ореше и Папрадиште.
Застанувањето на станицата е укинато од страна на Македонски Железници АД Транспорт, затоа што анализата која ја направиле покажала дека многу мал број на луѓе ја користат истата и запирањето на возот пред угорнината пред долгиот тунел за селото Гостиражни било неисплатливо.
Станицата Ореше трајно е укината од 1 јули.