Екологистите повикуваат на протести против концесиите за рудникот Иловица-Штука

Активистите од „Здрава котлина“ реагираат дека одлуката на Владата за за спојување на двете концесии за рудник за бакар и злато на планината Огражден, кои се наоѓаат на териториите на Општините Босилово и Ново Село, всушност ја отвораат вратата за изградба на рудникот Иловица-Штука.

Во реакцијата на Здрава котлина се потсетува на тоа дека македонската компанија од Тетово „Еколог“ од неодамна е акционер во „Еуромакс ресурси“.

„Еколог“ е помоќен од нашето државно судство, а ова спојување го докажа тоа. Тоа што го бараше „Еуромакс Ресурси“ со години назад исто како и што 12 пресуди на Управен суд и Виш управен суд го бараа, што досега никој не се дрзна да има даде, сега монтираниот премиер Таче им дозволи да ги спојат концесиите, но секако со посредство на ДУИ, откако Назиф Дестани вложи милиони евра за 25% од акциите во ‘Еуромакс Ресурси’! Затоа ли пред неколку месеци се сретнале фамилиите Дестани и Заев? По оваа средба, тешко корумпираното судство донесе одлуки спротивни на сите претходни, а за првпат Владата не се жалеше, туку си ги прифати без збор.

За она што гласно говореа дека нема да се случи, сепак еве, пред очите на целата македонска јавност – се случува.

Приказната е едноставна: во големата битка за предавството и убиството на Струмичката котлина и сѐ живо во неа, искористувајќи ја партиската и државна позиција, постојано се плетат високи политичари (поединци со моќ, неразбрани трговци!) од двете најголеми политички партии (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ), но сега им се придружи и трета (ДУИ)– жедна за профит за сметка на здравјето и животот на сите жители на Струмичката котлина и пошироко. Таква подмолност може да има само во војна.

Како и да е, со ова конечно е завршено со кредибилитетот на оваа Влада во Југоисточна Македонија, а особено во Струмица.

Што се однесува на ВМРО-ДПМНЕ, чии тогашни партиски елити ги донесоа рудниците и платија политичка цена во 2016 и годините понатаму, останува отворено прашањето дали ќе ја следат старата лажна мантра дека рудниците ќе донесат профит и нема да загадуваат или конечно ќе тргнат во поход за спас на Струмичката котлина, а со тоа и на Македонија? Исто така, општинските совети се првата кочница за ваквиот смртоносен бран. Затоа советниците да си го стават прстот на главата и да се запрашаат дали треба да калкулираат и понатаму или цврсто и решено да кажат НЕ на рак раната во нашето родно гнездо,

На сите луѓе, здруженија, организации, институции и на помалите политички партии на кои им е важно ова прашање за живот или смрт, ги повикуваме да се активираат и на секој начин да влијаат за да се сопре ова грозоморно дело за сите нас. Само здружени ќе победиме. За вакво сценарио на смрт преку проклетите рудници, време е за пад на корумпираните политички елити каде на секое ниво цвета корупција и криминал во врвовите на структурите на партиите кои како канцер си ја присвојуваат и државата, а всушност се марионети на рударските корпорации и не мислат ништо друго освен за личен интерес.

Во очите на Струмица и струмичко актуелните политички елити на власт се резил и државен непријател, па така и ќе се однесуваме со вас. Политичките елити и судството се канцерот на Македонија и време е да направиме рез.

Народот активно ќе се мобилизира и ќе се самоорганизираме да делуваме на секаков можен начин. Никогаш нема да дозволиме никаков рудник никому.

И ние имаме чизми на таван! Многу чизми што многу време не се извадени… Време е за народна буна. Рудник нема да има“, соопштуваат од Здрава котлина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи