Рок и блуз во живо – ROCK BLUES BAND вечерва на Камена бина

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во рамките на проектот „Од 0 до КултурА“ ни претстои уште една музичка вечер исполнета со енергија, добар звук и безвременски рок хитови!

Вечерва на Камената бина во Прилеп со почеток во 21:00 часот ќе настапат ROCK BLUES BAND. Бендот, кој постои од 2015 година, го негува звукот на рок и блуз класиката, а овојпат публиката ќе има можност да ужива во репертоар составен од песни од легендарните The Rolling Stones.

ROCK BLUES BAND го сочинуваат:

  • Борче Шабаноски – гитара
  • Игор Јагуриноски – вокал
  • Горан Иваноски – тапани
  • Методија Костоски – бас

„Ве очекуваме да уживаме заедно во рок класиците на The Rolling Stones!“, велат организаторите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци