Депонијата во Крушево по втор пат се третира со дронови со цел спречување на пожари

Во Крушево по втор започна прскањето и третирањето на депонијата со дронови со цел средството да допре до долните слоеви на отпадот како би почнал процесот на разградување на биолошкиот отпад, а со тоа и намалување на нивото на метан што само од себе е причина за самозапалување на депонијата или со неговото присуство значително би се олеснила работата од намерно палење, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

„Процесот на третирање и дејствување ќе продолжи повеќе пати во текот на оваа година до целосно неутрализирање и разградување на биолошкиот отпад. Преку овој процес очекуваме наредниот период депонијата да не се самозапалува и истата да биде безбедна во поглед на ширење непријатни миризби и чад“, напиша Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи