ВИДЕО – Јовчески: Ќе се гради кружен кај „Марко Цепенков“, асфалтирани 18.000м2., од предвидените 80.000м2


Посебна гордост и чест ни е што тој огромен проект за рехабилитација, односно асфалтирање на најголем број на улици во градот го започнавме минатиот месец и дел од овој месец веќе се реализирани околу 8 улици кои комплет се рехабилитирани, истакна денеска градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и нагласи дека со тоа се подобрувала сообраќајната инфраструктура и досега биле сработени околу 18.000м2., од вкупно планирани 80.000 м2. со што требало на крајот да бидат асфалтирани околу 60 улици.

„Друг проект кој исто така е од големо значење за нашата општина е средувањето на речното корито, со што ние докажавме и дека успешно се справивме и со поплавите во Прилеп, каде исчистивме и отстранивме повеќе од 3.500 метри кубни отпад, при што и го канализиравме речното корито, посебно денешните активности каде продолжуваат на почетокот на градското речно корито. Не престануваме, туку ќе продолжиме за расчистување на нешто кое преку 30 години се таложело во речното корито.

Се најдуваме тука во непосредна близина на раскрсницата во непосредна близина на Центарот за култура „Марко Цепенков“, каде конечно идниот месец ќе започнеме и со реализирање на проектот кружен тек на сообраќајниците, со што навистина би го растеретиле густиот сообраќаен режим во овој дел од градот. Локалната самоуправа одвои околу 5 милиони денари за реализација на овој проект.

Нешто по кое Прилеп посебно се гордее и кое преставува прилепско светилиште, тоа е манастирот Трескавец, каде навистина со реализирање на проектот на водоводната мрежа, каде учествуваме за почеток со 3 милиони денари од буџетот од локалната самоуправа, конечно тој манастирски комплекс ќе добие вода.

Дел од активностите во нашиот град не се сведени само на реализација на урбанистичко решавање, туку ги продолжуваме и помагањата во облик на субвенционирање, како на проекти од типот на субвенционирање на велосипеди, субвенционирање во образованието. Огромни средства одвоивме, нема училиште каде нема покажано реконструкција на дел од објектите, односно од капацитетот на училиштата, така и на нивната околина, односно хортикултурно средува, опремување со дополнителен инвентар. Со тоа не престануваме, продолжуваме комплет да го рехабилитираме нашиот град кој навистина заслужува една таква офанзива“, истакна Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи