Отворена нова фитнес зона на отворено во Крушево

Директорот на Агенцијата за млади и спорт денес во Крушево пушти во употреба нова фитнес зона на отворено, која што од страна на Општината се надеваат дека максимално ќе биде искористена од младите лица од Крушево, спортистите, но и сите рекреативци.

„Развиваме здрави навики кај граѓаните, а младите ги повикуваме своето слободно време да го искористат надвор со активни дружби и спортски активности. Агенцијата за млади и спорт континуирано дава поддршка на спортот и рекреацијата во државата. Крушево се гради и променува секој ден! Градиме успешна приказна за нашето Крушево! Продолжуваме…“, истакна градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи