ВИДЕО – Помалите Општини бараат парична стимулација за средношколците кои ќе останат да учат во родниот град


Ова е фамозното табло со 11 средношколци и 22 професори од СОУ „Св. Наум Охридски“ во Македонски Брод кое предизвика лавина реакции во јавноста за масовното иселување од помалите места. Директорот Стојкоски сега истото го чува во својата канцеларија на ѕидот позади неговото биро, како потсетник за тоа дека ќе се трудат во иднина ова да биде последното табло со толку малку ученици на него, но вели и затоа што е горд на сите нив.

Можам да нагласам за тоа табло, го чуваме тука затоа што прво не се срамиме ние од тоа табло, туку напротив сме горди на нашите ученици без разлика колкав е нивниот број“, истакна Жарко Стојкоски, директор на СОУ „Св. Наум Охридски“ во Македонски Брод.

Во координација со Општината, бизнис секторот и зголемените контакти со наставниците, родителите и учениците од 9-то одделение за разлика од пред 4 години, сега бројката од 11 ја зголемиле на 43 ученици. Според Стојкоски бројот на ученици се намалувал поради бесплатниот престој во интернатитге што го добивале учениците ако заминат во поголемите градови, а тие ученици кои останувале во помалите места не добивале никаква поддршка, бара државата да ја смени оваа политика.

Во ист сооднос на учениците како што им дава бесплатни интернати, на пример во Кичево или во Прилеп и Битола, зошто во ист сооднос на учениците кои остануваат во Македонски Брод не им дава некоја стипендија, сите средношколци да бидат исти“, додаде Стојкоски.

И од Општината преземаат интензивни чекори за мотивација на учениците да останат тука и да не го напуштата Македонски Брод.

По 5 илјади денари се исплаќа за секој ученик еднократен надомест кој е запишан во прва година. За наредна учебна година за секој ученик кој е со одличен успех околу 3.000 денари и 3.000 денари за ученици кои освоиле прва, втора или трета награда на државен или меѓународен натпревар“, кажа Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод.

Од Општината се надеваат дека вакви стимулативни мерки ќе преземе и државата за да се стопира заминувањето на учениците од помалите средини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи