ВИДЕО – Прилеп останува лидер во селекцијата на отпадот, но нема пари за секундарна селекција, ќе се барале од ЕУ фондови


Со околу 1.000 тони селектрирана пластика и хартија на годишно ниво Прилеп останува лидер во селекцијата на отпадот во Македонија. Прилеп селектира 40% од вкупниот селектиран отпад во државава, вклучувајќи го тука и Скопје. Овој проект за примарна селекција е воспоставен во 2012 година и во Прилеп и 16 населени места се поделени 22.000 канти за селекција на отпадот. Зелената канта е за органскиот отпад, а жолтата корпа за селекција на хартијата и пластиката. Се размислува и за стартување на проектот за секундарна селекција, каде треба да се исчисти  целата депонија од материјалите кои може да се селектираат.

„Во оној отпад кој што се одлага во моментов на депонијата има се уште материјали кои што може да се искористат. Тука има хартија, пластика, а можеби и метал. Таа фабрика е замислена сите тие делови да се отстранат и на крај да остане само оној материјал кој не може да се сектира. Да биди помала количината и да се одложи на Регионалната деопинија“, истакна Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Регионалната депонија треба да се гради во Новаци и тука отпад треба да носат 18 Општини од Пелагонија, Преспа и Охрид. Колку повеќе отпад општините ќе се селектираат толку помлаку отпад ќе носат во Регионалната депонија, а со тоа и помалку ќе плаќаат. Но со години овој проект се ветува, а не се стартува. Исто така иако линијата за секундарна селкција во Прилеп е купена со години нема пари за изградба на фабриката каде би се сместила таа линија за секундарна селекција. Пари ќе се барале од ЕУ фондовите.

„Сите оние кои го собираат отпадот од градот и населените места, сега зборуваме кога би се изградила таа фабрика за секундарна селекција, ќе го одлагаат отпадот на влезот на фабриката. Таму треба да има лента и се врши селекција на секој материјал, хартија, пластика, железо, се што може да се селектира за да на крајот остане само органскиот отпад од кој во иднина се планира да се прави компост“, додаде Абрашоски.

Градежниот шут би се одлагала на страна, а се планирало во иднина да се набави и дробилица за истиот. Но засега и Регионаланата депонија и другите проекти остануваат само желба. Бидејќи пари нема.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи