Изложба на Филип Јовески во Берлин

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Колекцијата „Минијатури ФЈ/П“ на прилепскиот уметник Филип Јовески продолжува да патува низ Германија. Изложбата на дела е отворена во просториите на „Лоесје“ во Берлин, а љубителите на уметноста ќе можат да ја проследат до шести август. Потоа делата ќе останат во трајна сопственост на „Лоесје Берлин“ и ќе се користат како уметност во функција на неформално образование. Колекцијата на минијатури на почетокот на месецот беше изложена во домот на култура во „Остерхолц-Шармбек“ во Бремен, Германија.

„Станува збор за низа експресивни минијатури дефинирани преку движењето на линијата и формата во дводимензионалниот простор. На број се 41 дело, изработени во комбинирана техника на акрил и сув пастел, со големина 20/14 см“, вели авторот.

Филип Јовески годинава, покрај двете самостојни изложби во Германија, веќе има реализирано две самостојни изложби во Македонија (една во Кавадарци и една во Прилеп), а учествувал во повеќе групни изложби во Прилеп и Битола и на меѓународните ликовни колонии во Лесново и Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци