Пуштен во употреба концептот оне-стоп-шоп на Ќафасан – Ќафтане

Од денеска е пуштен во употреба концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Со овој концепт, според премиерот Димитар Ковачевски, се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на компаниите кои транспортираат производи на овој граничен премин.

Тој денеска во своето обраќање на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане потенцираше дека на овој начин се олеснува работата на 11 илјади компании од нашата држава кои се ориентирани кон извоз и кон трговија со други држави, а се овозможува и полесен пристап до пристаништата и до туристичките места во Албанија.

„Овозможувањето на проток на луѓе и капитал истовремено ги зголемува и врските, комуникација помеѓу луѓето. Го зголемува и дружењето меѓу луѓето, нешто што цели половина век недостасуваше меѓу Албанија и тогашна Македонија, но сега претставуваме пример како треба да се однесуваат две соседни држави“, рече Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи