Поскапување на горивата од полноќ

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката, бензините поскапуваат за еден, а дизелот за два денари за литар.

Според тоа, бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 85,5 денари за литар, новата малопродажна цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 87,5 денари за литар, а литар дизел ќе се продава за 76,5 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе чини 75,5 денари за литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 43,542 денари за килограм.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи