ВИДЕО – Пензионерите: Невозможно е да се преживее 1 месец со 12.000 ден., гладни сме, не ги купуваме потребните лекови


Веќе 20-ти ден продолжуваат протестите на прилепските пензионери и блокадите на поголемите крстосници во градот. Денеска се блокираше крстосницата кај Поштата и Здравствениот дом. Огромен број пензионери се пожалија дека земаат минимални пензии поради тоа што иако работеле не им бил вкалкулиран тој стаж, особено на оние граѓани кои работеа во прилепските загубари.

Од 43 години имам само неполни 20. 9 години бев на 4 саати осигурана, да не не прави дека сме со 15 години стаж. Сите сме без 6, без 8, без 10 години стаж, а некои можеби и 15, од 11 Октомври“ фабриката и повеќе рекоа вчера“, кажа Виолета Најдоска, пензионер.

 

35 години работен стаж, сето тоа испаѓа 0 и останавме на 15 години стаж и затоа ја земаме најмалата и најниската пензија“, вели Весна Иваноска, пензионер.

 Пензионерите уште еднаш порачаа дека е невозможно да се преживее еден месец со 12.000 денари пензија. Голем дел од нив се позајмувале за да го поминат месецот инаку ќе останеле гладни или пак не ги купувале лековите кои им се потребни.

Душата ми знае, ќе трпам, не јадам, еве немам апчиња земено. Вчера зедов да се напијам и стомакот ме искина, а сега треба да купам јас, но со кои пари, со 100 денари сум денеска. А дури да дојди пензијата, јас не знам ни кога ќе дојди, ако ни помогнат комшиите да ни дадат на заем некој динар да земам леб“, истакна Славица Велјаноска, пензионер.

 

Значи стандардот и животниот трошок е за сите еднакво скап, нема тезги поевтини, нема маркети поевтини, за сите е еднаква цената“, рече Зора Дојчиноска, пензионер.

 

Ние сите сме овде со 12.000 пензија, 10.000. Што мисли министерката за нас, што мислат горе во Парламентот за нас, до кога вака?“, додаде Баса Арсова, пензионер.

 

Дали не може толку да одвои владата за нас пари, или таа министерката, како не и е срам“, вели Марија Ристеска, пензионер.

Пензионерите велат дека иако засега Владата нема слух за нивните проблеми тоа не ги обесхрабрувало и нема да престанат со блокадите. Потенцираат дека завршниот збор сепак ќе го имале тие кога ќе дојдат изборите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи