ВИДЕО – Прилепскиот бизнис сектор со мала поддршка за Пиво фест и покрај предизвиците организаторот ветува одлична забава


И покрај неизвесноста до последен момент дали ќе има или не Пиво фест во Прилеп или после 20 години ќе згасне оваа традиција, сепак овој прилепски бренд ќе се одржи. Подготовките се веќе во тек, Фестивалот започнува утре и ќе трае се до недела. Ќе настапат македонски и балкански музички ѕвезди. Намален е бројот на денови, од 4 на 3, а намален е и бројот на штандови поради краткото време за организација. Но и покрај се се ветува одлична забава. Организаторите се надеваат на големи промени од идната година.

„Нашата замисла е да се смени локацијата, да се смени бројот на денови, да се смени целиот концепт. Во овој момент времето беше навистина кратко да се направат такви измени. Но се надеваме дека ако сега се помине во најдобар ред од наредна година ќе ка преземеме на време организацијата“, вели Дарко Крстески, оранизатор „Event group“.

Организаторите се пожалија и на премногу слабата поддршка на Фестивалот од страна на прилепскиот бизнис сектор. Не знаат зошто е тоа така.

„Јас искрено се надевав на поголемо поддршка од бизнис секторот од Прилеп , сепак тие се крвотокот на економијата на овој град, овој град многу дал и направил за нив. Не треба да бисе случај компании од други градови да даваат поголема поддршка од компании кои се од градов.

Зошто е тоа така?

Незнам, се надевам дека ќе ги бараме причините по завршувањето на Фестивалот“, додаде Крстески.

Граѓаните си го сакаат Пивофест и велат дека се среќни што ќе се одржи.

„Мило ми е што ќе го има, бев малку разочарана мислев дека ќе нема. Ние сме од Крушево и секоја година доаѓаме тука за Пиво фест“, вели една граѓанка.

 

„Можеше и подобро да биде оваа година, но добро е, задоволни сме. Искрено убаво е да се одржува традицијата“, кажа една млада прилепчанка.

 

Добро е да се собираат луѓето, да се дружат“, вели друга прилепчанка.

 Паркингот во петок и сабота на официјалните паркинзи ќе се наплаќа како и секој ден, а додека во недела паркингот во целиот град ќе биде бесплатен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи