ВИДЕО – 12 години препознатлив прилепски бренд – официјално започна „Prilep Jazz Weekend“


Во Прилеп официјално започна 12-то издание на прилескиот џез фестивал или „Prilep Jazz Weekend“. Фестивалот е поделен во 3 фестивалски денови каде ќе има 6 концерти, а досега во Off програмата се одржаа два настапи. Едниот на локалитетот Врбјанска Чука, каде во уникатна атмосфера на неолитот, настапи врвниот балкански уметник на ориентална музика Џенгис Ибрахим, а во прилепскиот клуб „Калинка“ настапи бендот „Next to Silence“. Фестивалот е веќе препознатлив бренд не само за Прилеп туку и за Македонија.

Овој Фестивал е веќе позициониран на некоја карта на фестивали не само во Македонија туку и пошироко во регионов. И има оставено веќе значаен траг. Сите оние изведувачи кои настапиле извршиле силно влијание и врз публиката, а и врз креирање на една фестивалска историја. Се дава шанса пред се на македонските музичари, млади музичари, да ги промовираат своите проекти, експериментално, но и секогаш се канат и гости од регионот, досега настапувале музичари од многу држави“, истакна Снежана Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

Вечерва Фестивалот го отворија Добрила Грашеска и Доријан Јовановиќ, со нивниот проект „Пиле Шарено“ како и Јапонско-Германско-Македонскиот оркестар Jingarabushi.

Она што најдобро го знаеме, а тоа е македонската традиционална музика, да ја прикажеме низ филтерот на нашето видување на музиката, а тоа значи низ нашиот современ спектар на погледи и разбирање на музиката, на звуците и шумовите. И тоа е на што всушност ние го вклучивме во нашиот проект“, вели Добрила Грашеска, музичар.

 

„Овие фестивали во овој период се побитни затоа што може да направата поголема циркулација на помали артисти кои што се многу по храбри, по подвижни и посовремени, а се сепак помали имиња и некако овие фестивали се поподатни за нив. Би требало да има повеќе вакви фестивали. Прилеп е еден таков центар каде сето тоа има една добра почва и добро е што ете се одржува толку години и се надевам дека ќе продолжи“, додаде Доријан Јовановиќ, музичар.

Утре настапуваат Soothsayeр и Фолтин, а во сабота Џез фестивалот го затвораат гостите од Србија 3GONOME3 и INTERGALACTIC MUTANT FUNK.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи