Прилеп меѓу општините за кои „Гоу Грин“ по трет пат собира младински барања за зелени општини

Здружението „Гоу Грин“ по трет пат објавува повик за млади од општините Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Куманово, Гостивар и Прилеп да ги поднесат своите идеи и потреби за зелени општини.

Процесот започнува со собирање на идеите и барањата, селектирање на истите според надлежностите на општината и на крај нивно доставување до градоначалниците. Градоначалниците на овие шест општини во нивната предизборна кампања се заложија преку оваа соработка да ги реализираат барањата на младите за нивните општини да бидат зелени. Добри примери за реализација на овие барања се велопетека во о.Кисела Вода како и поставување на столбови на тротоарите во о. Аеродром.

„Заедно со младите еко-активисти сакаме заедно да придонесуваме во младинската инфраструктура во општините, и да придонесеме за нивна едукација кон одржливи навики, кои директно ќе влиајат врз околината“, вели Арта Ќерими, програмски координатор.

Повикот е наменет за млади на возраст до 15 до 29 години. Тие своите предлози може да ги поднесат со пополнување на овој формулар.

Од Здружението велат дека процесот започнува со собирање на идеите и барањата, селектирање на истите според надлежностите на општината и на крај нивно доставување до градоначалниците.

„Младите не се се вклучени доволно во донесување на одлуки во општините, а во поголемиот дел од нив не се оформени ни локалните младински совети, па така преку овој процес ги пренесуваме гласот и потребите на младите во нивната општина. Потребите на младите секоја година се менуваат, затоа континуирано треба да ги прашуваме и дискутираме што е тоа што тие сакаат да го видат како зелена промена во нивната општина“, забележуваат од „Гоу Грин“.

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје веќе 13 години инвестира во идните еко-активисти и подобрување на младинската инфраструктура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи