Листи со одобрени и одбиени апликации за субвенционирање на велосипеди во Прилеп

Врз основа на предлогот на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Прилеп за купување на велосипеди за 2023 година, а во согласност со Јавниот повик од 2023 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Прилеп за купување на велосипеди“ со број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2023 година Број 09-1911/2 од 31.05.2023 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.7 од 31.05.2023 година),  Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои ги исполниле, односно не ги исполниле критериумите субвенционирање / надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед за 2023 година.

Од вкупно пристигнатите 396 барања, 387 баратели ги исполниле критериумите, додека 9 баратели не ги исполниле критериумите за надомест на дел од трошоците за купување велосипеди за 2023 година.

Листа на баратели кои ги исполниле условите – преземи

Листа на баратели кои НЕ ги исполниле условите – преземи

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи