На 05.09.2023 во ОВР Прилеп, 48-годишен маж од Прилеп пријавил дека неговата сопруга физички ја нападнала нивната малолетна ќерка.
Истиот ден во ОВР Прилеп, В.Ј.(24) од Прилеп пријавил дека во населба „Тризла“ Р.М. се обидел да го нападне со остар предмет.
На 06.09. пак, на крстосницата од ул.„Борка Влачарот“ со ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ј.(31) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
По документирање на случаевите ќе следува соодветен поднесок.