ВИДЕО – Прилепско-долненскиот регион се водечки по дрвокрадство во Македонија – годишно се крадат и над 10.000 м3


Иако има благо намалување на побарувачката на дрвото како реагенс за огрев, сепак тоа останува главната суровина за затоплување на домовите. Од подружница „Црн Бор“ Прилеп при Македонски шуми велат дека годишно имаат право да сечат само 10.000 м3, од кои 3.500 м3 се за физички лица, а останатите за правни. Цената на дрвата кај нив е 2.944 за даб прва класа и 2.845 бука. Додека во приватните складови цената се движи околу 4.500 денари за м3. Кај дрвокрадците пак цената е по договор. За да се зголеми пак сечата на државниот шумски фонд, а со тоа и да се намали дрвокдраството од ЈП „Црн Бор“ велат дека тоа е сложена процедура.

Едноставно кажано, кога ќе почнеме ние да работиме тогаш почнува и дивата сеча, ние отвораме патишта и тие можат да одат по тие патишта, ние работиме дење, тие работат ноќе. Да ги чуваме шумите на толкава површина, знаете дека прилепска општина има огромна површина, прво немаме луѓе, немаме и можност, а и немаме ни законска рамка да ние некој го запреме или казниме“, вели Пеце Јовевски, директор на подружница „Црн Бор“ Прилеп, при Македонски шуми.

Според директорот Јовевски, Прилеп е можеби град во Македонија по дрвокрадство. Масовно се крадело, од државни шуми, од приватни шуми, од манастирски забели, но за жал реакцијата на надлежните органи не била соодветна.

 Ова што се случува на локалитетот према Црнилиште и Десово, према Никодин, кај Дервен над езеро, тоа е страшна работа. Секоја ден имаме пријави од луѓе кои пријавуваат едноставно дека виделе дека некој дошол, но не можеме сите да ги бркаме, тоа е проблем кој треба на повисоко ниво да се решава и самиот менталитет на луѓето е таков“, додаде Јовевски.

Јовевски вели ако легално во Прилеп се сечат 10.000 м3, исто толку, ако не повеќе и се крадат. Без желба и акција од државата да се спречи овој криминал, тие како Македонски Шуми не можеле ништо.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи