Општина Прилеп се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на мобилност под мотото „Движи се рационално, штеди енергија“. Со единствена цел, што помалку користење на автомобилите и позитивно влијание врз заштитата на животната средина, заедно со ЈП ПУП обезбеден е БЕСПЛАТЕН Јавен градски превоз за сите граѓани на општина Прилеп во петок, на 22.09.2023.
„Апелираме што повеќе граѓани да ја искористат можноста да го искористат Јавниот превоз и барем на еден ден да ги оставиме автомобилите“, велат од Општина Прилеп.