По десетина години пауза машката одбојка повторно се враќа во Прилеп!
Станува збор за одбојкарската школа „11ти Октомври“, каде тренинзите ќе ги одржува дипломиран професор по физичко и здравствено образование Димоски Илија, кој што е поранешен одбојкар во одбојкарскиот клуб „11 Октомври“ Прилеп, како и во ОК „Синалко“ од Крушево.
Започнувајќи од 03 октомври, тренинзите ќе се одржуваат секој вторник и четврток во 19.30ч, во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп, во центарот на градот. Возрасните категории се движат од 08 до 18 години.
„Биди и ти дел од нашиот машки одбојкарски тим на ОК „11 Октомври“- Прилеп“, порачуваат од школата.
Дополни информации може да добиете кај професорот Димоски Илија, на бројот 078 321 136. Уписите се во тек!