На 21 септември во Солун се одржа завршниот промотивен настан на проектот ЕНТЕГ. Проектните менаџери на партнерите: Регионален фонд за развој на Централна Македонија (Република Грција), Техничка комора Грција/ оддел за Централна Македонија (Република Грција), Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола) и COSV – Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп се обратија кон присутните учесници во проектот претставувајќи ги подетално своите организации, доменот на оперирање, како и активностите спроведени во рамките на овој проект.
„Во рамките на овој проект што го адресира проблемот со одлив на талентирани кадри надвор од нашата територија се изработени неколку студии и се обучени преку 60 млади кадри со алатките за претприемништво. Искрено се надеваме дека секој од нив ќе се реализира себеси во својот полн потенцијал“, потенцираат од COSV – Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп.
Проектот е дел од ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република Северна Македонија 2014-2020.