Домот на култура “Наум Наумовски-Борче” Крушево, денес по повод 63 годишнината од смртта на народниот херој Наум Наумовски – Борче положи свежо цвеќе во негова чест.
Наум Наумовски-Борче е роден во Крушево на 1 мај 1920, а починал во Скопје на 28 септември 1960 година. Тој е македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ.
По ослободувањето врши повеќе високи функции, а во два мандата е и градоначалник на Скопје, во 1950 и од 1956 до 1960 година.
232