ВИДЕО – Јовчески: Идната недела очекуваме технички прием, а за месец и половина отворање на градинката во Точила


Според градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, градинката во населбата Точила би се отворила за еден месец до месец и пол доколку ги добијат потребните дозволи за  нови вработувања.

„Мора да ги знаете етапите кои следат, а тоа е техничкиот прием кој ние треба да го добиеме од изведувачот. После нашите забелешки за недостатоци, односно за отстранување на неправилности или потези кои ги немаше во проектот и беа обврска на изведувачот да ги корегира и да ги доизведи, истече тој рок од 10-тина дена и веќе од иднава недела очекуваме технички прием. Потоа аплицираме до Министерството за труд и социјала.

Според вас за колку време Прилеп би имал нова градинка?

Ако наидеме на разбирање на Министерството, јас се надевам дека за еден месец до месец и пол треба да добиеме одобрение, бидејќи од нив ги очекуваме блок дотациите, односно согласност за работните места со кои треба да ја исполниме со кадар градинката“, рече Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи