Со низа активности ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ од Прилеп ја одбележа Детската недела:
- Учениците учеа за детските права и обврски,
- Другаруваа и ја развиваа љубовта кон животните,
- Учеа за добра и правична храна за сите, а меѓу другото и за создавање на училишни градини
- Денот на учителот беше одбележан со дебата
- Се учеше колку е важно да го чуваме и сакаме нашето минато,
- Учениците учеа за за културното наследство во Република Македонија
- А научија и за тоа дека среќа е да се дружите со сите деца,
- Играа „Игри без граници со своите наставници
- Испраќаа писма до непознато другарче,
- И пееја песни
Оваа недела заврши денеска со приемот на првачињата во Детската организација.
„Ја одбележавме Детската недела со пораката „ЈАС И СВЕТОТ ОКОЛУ МЕНЕ“. Затоа ви порачувам, другарувајте, почитувајте се, бидете среќни, здрави, весели и успешни. До вас имате прекрасни наставници од кои имате многу да научите. Наставникот е тука да го осветли патот на своите ученици кон нивните соништа. И едно нависитина важно да запамтите „Учителот најмногу ве сака и секогаш од срце ви подава рака“, вели директорот Влатко Кузманоски.