МЗШВ до младите земјоделци: Во тек е јавниот повик за поддршка во почнување земјоделска дејност

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги потсетува младите земјоделци дека до 15 октомври е активен јавниот повик за мерката 112 од програмата за Рурален развој за 2023 година, за поддршка на млад земјоделец, распишан од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР.

„Мерка 112 – се однесува на помош на младите земјоделци за започнување на земјоделска дејност со финансиска поддршка до 600.000 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник. Средствата од финасиската поддршка се наменети за инвестиции во набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година“, стои во соопштението од МЗШВ.

Максималната вредност на финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100 отсто од направените трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.

Од МЗШВ посочуваат дека како корисници на мерката се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

„Поддршката за оваа мерка, првпат од оваа година, започнува да се исплаќа авансно, веднаш по потпишувањето на договорот, во висина до 40 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Напоменуваме дека во овој јавен повик како прифатлив трошок не се земаат набавката на трактор и приклучна механизација“, се вели во соопштението.

Барањата за аплицирање се поднесуваат по електронски пат, по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Крајниот рок за доставување на барањата е 15 октомври 2023 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи