ВИДЕО – До темел изгоре електричарската работилница на прилепчанецот Кирил Мирчески


Вчера во пожар на улицата Марксова бр. 72 до темел изгоре електричарската работилница на прилепчанецот Кирил Мирчески. Пожарот се појавил околу 10.30 часот утрината а во куќата во тој момент немало никој. Тука живеат Мирчески и неговата сопруга. Живееле само на од неговата пензија и од неговата дополнителна работа како електричар, сопругата не земала ниту плата, ниту пензија. Вели дека буквално се што со години купувал како апарати за неговата работа се било уништено. Штетата ја проценува на повеќе илјади евра.

Струја, електрика ништо немаше уклучено, сѐ зафати и одма изгоре, веднаш. Додека ми јавија, додека стигнав, стигнав и пред пожарната, тие веднаш после мене стигнаа и гасевме колку што можевме. Сѐ е изгорено, многу. Штетата е голема бидејќи сето беше работен алат, машини, работни машини, бормашини, хилти, косачки, многу алати имаше“, вели Кирил Мирчески.

Пожарот зафатил и дел од влезната дограма на куќата како и дел од работите од дневната соба. Мирчески вели дека сега бара помош од институциите, општината или добронамерни граѓани да му помогнат за да може повторно да ја изгради работилницата која му носи приход за живот.

Ние бараме, но ако дадат помош арно, ако не што можеме да направиме. Тоа е“, додаде Мирчески.

Секој оној кој сака да му помогне на семејството Мирчески може да донира на оваа жиро сметка 240287361230396 – Уни Банка, што ја гледате на екраните или да го исконтактирате на телефонскиот број – 075-858-031.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи