Просечната нето-плата во август изнесува 36.390 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во август година, изнесува 36.390 денари, што е за 14.2 отсто повеќе во оснос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21.6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16.5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.8 %), Административни и помошни услужни дејности (3.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.3 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во август годинава изнесувала 54.595 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи