„Линеарно обликување“ – втора самостојна изложба на академскиот уметник Филип Перески од Прилеп

„Линеарно обликување“ е втората самостојна изложба на академскиот уметник Филип Перески од Прилеп, што ќе биде отворена на 27.10.2023,  петок од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

“ЛИНИЈА, ФОРМА И ПРОСТОР”

„Академскиот уметник Филип Перески ликовно ги истражува бескрајните можности и начини со коишто инвентивно ги реконтекстуализира – линијата врз дводимензионалната површина на сликарското платно и формата во тродимензионалниот простор.

Неговото сликарство се одликува со спонтани искривени линии коишто асоцираат на органски и динамични облици. Во апстрактно-асоцијативните композиции доминира активниот однос и слободната креативна игра меѓу ликовните елементи во просторот: контраст и градација на линијата и бојата.

Со хоризонталното протегнување и вертикалното извишување, брзите градации и збиената густина на линиите, уметникот изразува енергична динамичност и хаотичност во слободните отворени композиции. Имено, преку репетиција на експресивните контрастни и збиени линии, тој дополнително креира длабочина во асиметричните композиции.

Во скулптурата, Перески ја искривува и раскршува линијата создавајќи минималистички геометриски форми со „полна“ маса и мрежно испреплетени „празни“ колоритни интервенции.

Ослободувајќи ја композицијата од геометриска строгост, автентичниот ликовен јазик на академскиот уметник Филип Перески спонтано еволуира и се развива во апстрактно-асоцијативен израз“, вели м-р Викторија Димеска, историчар на уметност.

Биографија: Филип Перески

Роден на 10.09.1990 во Прилеп, Македонија. Дипломира 2013 год. на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на катедра за ликовна педагогија, насока вајарство во класата на професор Станко Павлески. Член е на друштвото на ликовни уметници Прилеп (ДЛУП). Моментално живее и работи како наставник по ликовно образование во Прилеп.

Самостојни изложби

2023 Прилеп, „Линеарно обликување“, НУЦК Марко Цепенков

2014 Прилеп, „Фактурални завиткувања“, НУЦК Марко Цепенков

Групни изложби

2023 Куманово, ,,Скулптури на новото време“, НУЦК Трајко Прокопиев

2022 Прилеп, ,,Уметниците во музеите – музеите со уметниците“, НУ Завод и Музеј

2022 Прилеп, ДЛУП Годишна изложба, НУЦК Марко Цепенков

2021 Прилеп, ДЛУП Годишна изложба, НУЦК Марко Цепенков

2020 Прилеп, ДЛУП Годишна изложба, НУЦК Марко Цепенков

2019 Прилеп, ,,Скулптури на новото време“, НУЦК Марко Цепенков

2019 Куманово, ,,Скулптури на новото време“, НУЦК Трајко Прокопиев

2016 Прилеп, ДЛУП ,,Бела ноќ“, НУЦК Марко Цепенков

2014 Прилеп, ,,5 години ДЛУП“, НУЦК Марко Цепенков

2013 Прилеп, Годишна изложба ДЛУП, НУЦК Марко Цепенков

2010 Скопје, Арт Институт – “Loading…“ , Стар геолошки завод

2009-13 Скопје, Годишни студентски изложби на ФЛУ, ФЛУ

Колонии

2023 Прилеп, Ликовна колонија ,,Марко Цепенков – ДРЕН“

2022 Прилеп, Ликовна колонија ,,Марко Цепенков – ДРЕН“

2020 Прилеп, Меѓународен скулпторски симпозиум,,Мермер“

2013 Прилеп, Камена колонија „Прилепски кринови“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи