Компанијата Окта АД Скопје донираше пумпен агрегат за снабдување на вода на Крушево. Оваа донација дојде по оштетувањето на старата со што во Крушево не можеше да се испумпа вода, а градот неколку денови се соочуваше со повремени рестрикции.
„Се заблагодаруваме на Окта за донацијата која ни ја доделија и со тоа овозможија непречено градот да се снабдува со вода. Проблемот кој произлезе е навистина без преседан и дојде неочекувано. Се работи за донација на пумпен агрегат H-101/2 Elektromotor 6kV. Но, заедно со ЈП „Комуна“ успеавме за само неколку дена да го решиме проблемот, а за тоа најголемата заслуга ја има компанијата Окта“, истакна градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.