9 годишно дете е најмладиот милионер во Македонија – најстариот има 97 години

Деветгодишник е најмладиот милионер во денари во земјава . Според анализата на УЈП детето милионер добилo над 1 милион денари од закупнина. Најстариот милионер, пак,  во денари, има 97 години.

Во евра, најмладиот милионер за 2022 е 24 годишник, кој остварил и пријавил доход од странство во износ 61,6 милион денари, додека највозрасниот има  77 години со остварени 92,9 милиона денари доход главно од дивиденди од компании во земјата.

Најголемите плати и приходи минатата година се остварени во главниот град. За една година, скопјанец пријавил приход  во износ од 446 милиони денари, а  трговец со цигари исто од Скопје имал највисока плата и во трговија на големо со производство од тутун тој заработил 144 милиони денари, или месечно по  200 илјади евра. Скопјани се и на листата на највисок остварен доход од самостојно вршење на дејност . Највисоки приходи имале адвокати, нотари , угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија.

28 граѓани живеат навистина богато . Тие оствариле приход од над 100 милиони денари , или тројца повеќе од лани во оваа категорија, а 995 граѓани заработувале од 10 до 100 милиони денари .

„Согласно поднесените и потврдените годишни даночни пријави треба да провериме бидејќи тоа е наша претпоставка, дека лица од сопствените компании имаат исплатено доход којшто нема никаква ниту економска ниту соодветна пазарна логика. На пример сопственици или управители на сопствените компании им даваат консултантски услуги, издаваат имот под закуп под баснословни суми, исплаќаат за права на индустриска сопственост или авторски права, што е прилично симптоматично. Секако дека кога станува збор за овој профил на луѓе се очекува и дека ќе исплатат соодветни повисоки плати, како и повисоки дивиденди. Со цел да ги избегнеме сите овие нелогичности од законски аспект ќе направиме соодветни дополнителни анализи“, Лукаревска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи