Македонија демографски тоне – според ДЗС до 2050 ќе има само 1.35 милиони жители

Facebook
Twitter
Email
Print

elementor-template id=”64379″]

Македонија се празни, а главен фактор за намалување на бројот на население е иселувањето од земјата, а втор фактор е нискиот наталитет.

Ако се задржи сегашното ниво на фертилитет Северна Македонија во 2035 година би имала 1,53 милиони жители, во 2050 година би имала 1,35 милиони жители, а во 2070 година би имала 1,22 милиони жители. Ова го покажува новата публикација на Државниот завод за статистика (ДЗС), во која се направени проекции за бројот на населението во државава според неколку различни сценарија.

„Проекциите на населението претставуваат вид на моделирање на демографската иднина, базирани на претпоставки, коишто во времето на изготвувањето може, но и не мора да изгледаат веројатни. Тие претставуваат резултати на остварувањата на усвоените претпоставки за движењето на морталитетот, фертилитетот и миграциите во дефинираниот проекциски период и тоа без утврдување на веројатноста на нивното остварување“, објаснуваат од ДЗС.

Проекцијата е изработена со претпоставка дека во земјата и во регионот ќе нема војни, внатрешната политичка состојба ќе биде нормална, во првата половина од 2030 година ќе заврши процесот за влез во Еу и ќе нема големи здравствени кризи.

Во најлошата варијанта, која не се очекува да се оствари, населението по пет децении отсега ќе падне на само еден милион луѓе. Оваа проекција за населението е втора што ја изработува ДЗС, 25 години по претходната проекција во 1998 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи