Почитувани пријатели, драги сограѓани, да им се помогне на немоќните, на сиромашните не значи само општествена одговорност на одредена институција или на поединецот. Новогодишните и Божикните празници се повод да им подадеме рака на ранливите категории на граѓани со цел секој од нив барем за кратко да ја почувствува празничната магија, истакна Александар Ѓорѓиоски, СДММ Прилеп.
„Токму затоа ОО СДСМ Прилеп го организира овој предновогодишен хуманитарен базар, издвојувајќи дел од семјениот буџет, а согласно начелата за социјал демократаија, членовите на СДСМ од нашиот град уште еднаш ја покажуваат својата хуманост на дело. Сите средства кои што се собрани денеска на овој хуманитарен базар ќе бидат наменети за нашите сограѓани на кои во овие моменти помошта им е најопходна, односно сите собрани средства од овој хуманитарен базар ќе бидат наменети за лицата со посебни потреби од здружението „Порака“, истакна Ѓорѓиоски.