УЈП спречила измама вредна околу 2,6 милиони евра од нафтени компании

Facebook
Twitter
Email
Print

Со фиктивни фактури, тројца трговци со нафта и нафтени деривати, преку поврат на ДДВ, сакале да го оштетат буџетот за 2,6 милион евра, и над 300 илјади евра по основ на данок на личен доход, откриваат од УЈП.

Разработиле шема со познати 5 добавувачи, со кои си издавале фактури за набавка на нафта, иако немале ни бензиски пумпи,  ни скалдишта, ни залихи на нафта, не поседувале ниту лиценца за трговија со нафта, а немале ни  вработени.

Трите компании  имале сопственици државјани од Македонија, но тие го промениле сопствеништво, и управувачката структура во компаниите. Едната фирма добила газда од Хрватска, а другите две станале фирми на косовски државјани.

„Станува збор за три даночни обврзници, односно посебни три случаи и вкупно пет добавувачи. Во основ на сите контроли имаме наод од страна на инспекторите. Битно е да се информира и дека кај првиот и кај третиот даночен обврзник првичен сопственик и управител на двете правни лица пред да се изврши промената и да се назначи нов основач и управител било едно исто лице кое што во 2023 година го има сменето презимето од негови познати фамилијарни причини, а овластен сметководител на двете правни лица е едно исто правно лице“, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

УЈП има доставено писмена пријава до МВР и ОЈО на 15. 11. 2023, а исто и до Управата за финансиска полиција има доставено писмена пријава и известување со прилог докази на ден 01.12. 2023 година. Истражните органи ќе водат постапки и против сметководственото биро, каде овие компании биле единствените клиенти.

Фирмите кои сакале да го изиграат законот се од кумановски ликовскиот регион и се уште се активни. Заради навремената интервенција нема штета врз буџетот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи