Министрите избегаа од дебатата за породилно отсуство на земјоделките, велат од Левицата

Facebook
Twitter
Email
Print

Минатата недела беше одржана јавна расправа по предлог-законот за платено породилно отсуство за жените земјоделки, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов, чија цел е да се отстрани неправедната дискриминација кон жените земјоделки, велат од Левица

„Не само што Владата на СДС и ДУИ 10 месеци го чува овој закон во фиока – туку и министерот за здравство, Меџити, министерката за труд и социјала, Тренчевска, и министерот за земјоделство, Николовски, крајно дрско и арогантно избегаа од дебата! Пратеникот Крмов во своето обраќање истакна дека Левица уште во април минатата година го поднесе предлог-законот за платено породилно отсуство за жените земјоделки, со кој се овозможува користењето на правото на надоместок поради бременост, раѓање и мајчинство на жените земјоделки“, додаваат од таму.

Како што велат, тој ги посочил и забелешките во извештајот на Европската комисија кои го истакнуваат токму истото она за што Левицата се заложува со предлог-законот.

„Тие ја критикуваат власта, дека жените кои се регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од системот на здравствено осигурување и немаат право на надомест во случај на некоја болест, повреда на работното место, породилно отсуство, мајчинство итн. Во опширната јавна дискусија, апсолутна поддршка на предлог-законот дадоа сите присутни претставници од граѓанските мрежи и организации со свои аргументи, а истиот наиде на целосна поддршка и од останатите пратеници кои беа присутни на седницата. Јасно е дека хибридниот режим на СДС и ДУИ нема слух за барањата на земјоделките и свесно го одолговлекуваат носењето на овој предлог-закон, со кој треба да се стави крај на една системска неправда“, завршуваат од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи