Пендаровски: Тезите за друга преговарачката рамка или подобар договор со Бугарија се политичка фатаморгана

Facebook
Twitter
Email
Print

Тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка и ќе направи подобар договор со Бугарија се политичка фатаморгана, рече претседателот Стево Пендаровски на прес-коференција најавувајќи ја своjата кандидатура за втор мандат.

„Постојат кандидати кои се залагаат или најавуваат ревизија или поништување на Рамковниот и Преспанскиот договор и договорот со Бугарија. Рамковниот договор ја исполни својата историска улога и ја засили, а не ја поткопа внатрешната кохезија на Македонија. Најмногу и заради него станавме држава кандидат за членство во Европската Унија. Преспанскиот договор го овозможи нашиот влез во НАТО , што е огромна придобивка од аспект на безбедноста на државата и го потврди постоењето на Македонците и на македонскиот јазик на глобално ниво. Договорот со Бугарија не беше спорен цели три години, но истиот тој договор, со истата таа содржина стана проблем кога Бугарија под притисок на својата стара комунистичко-националистичка гарда почна да измислува причини за блокада кои во самиот договор ги нема. Тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка со Европската Унија и ќе направи подобар договор со Бугарија се политичка фатаморгана. Најновата идеја е дека договорот со Бугарија ќе го почитуваат, но во замена ќе бараат Софија да го промени нивниот Устав и придружните закони. Ако некој успее да го направи тоа, ќе бидат првиот кој јавно ќе му честита. Се плашам дека станува збор за барање за оправдување за реалната блокада на нашите евроинтеграции кои ја прават за кревање на својот партиски рејтинг“, истакна Пендаровски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи