На 18.03.2024 во 00.20 часот во ОВР Прилеп, Т.Д.(50) од Прилеп пријавил дека во царински терминал на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп бил физички нападнат од Б.Б. и уште едно лице.
Подоцна, според пријавеното, на ул.„Борка Влачарот“ во Прилеп, Б.Б. заедно со Х.З. и И.Б. повторно го нападнале него и неговиот брат З.Д..
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против учесниците ќе биде поднесена соодветна пријава.