СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Т.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „давање лажен исказ“.
На 30.11.2023 на социјална мрежа Фејсбук, на објава на портал, објавил коментар со кој поттикнал омраза и нетрпеливост.
Во службен разговор во полициска станица, пријавениот изјавил дека му бил хакиран профилот на социјалната мрежа, но било утврдено дека дал лажен исказ.