Младите лекари најавуваат протест за достоинствени плати

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Младите лекари и приватните специјализанти под мотото „Достоинство за младите лекари“ најавуваат протест пред Министерството за здравство, кој ќе се одржи на 27 април.

Причините за најавениот протест се поради платите на приватните специјализанти кои останаа на 26.000 денари и не беа опфатени со ниту едно покачување во здравството, иако договорот со Министерството за здравство беше дека платата ќе се исплаќа на ниво на просечната. Освен тоа специјализантите повторно останаа без здравствено осигурување, кое им било укинато без никакво образложение.

„Нашите помлади колеги решија повеќе да не молчат и јавно преку протест да го изразат својот револт од односот на здравствените власти кон нив. Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ во целост го поддржува протестот на младите колеги и АПЕЛИРА до секој оној колега кој сака подобар статус да дојде и излезе на овој протест!“, велат од Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци