Поранешниот директор на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски, објави дека е постигнат рекорден туристички прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија.
„Тргнавме од 327,05 милиони долари за 2017 година и застанавме на 598.50 милиони$ во 2023 година со што се реализираа сите повлечени стратешки потези во короната и во изминатите шест години!
Благодарност и капата доле за сите туристички работници кои веруваа во една визија и застанаа рамо до рамо за нејзината реализација! Државата се сака со секојдневни победи на секое поле на индивидуално и колективно ниво!“,објави Јаневски.
Претходно Државниот завод за статистика во феврураи објави дека во текот на 2023 година се евидентирани вкупно 1.168.730 туристи, од кои 434.598 биле домашни, а 734.139 странски туристи.