ВИДЕО – Многу забава, игри и засадување на нови садници на „Пролетниот хепенинг“ на Паркот на Револуцијата


На новото инклузивно игралиште на Паркот на Револуцијата денеска се одржа Пролетен хепенинг во организација на Општина Прилеп и основните училишта од градот како дел од иницијативата за создавање посветеност кон инклузивноста и заеднички активности по повод Денот на пролетта и екологијата. Настанот беше исполнет со многу забава и активности, музика, игри, како и засадување на нови садници.


Сите основни училишта во градот се распределени на различен начин. Дел од учениците од нашето училиште „Климент Охридски“ од Прилеп одржуваат настава во училиштето, имаат активност по повод Денот на пролетта, друга група на ученици по една паралелка од сите основни училишта сме дојдени овде на Паркот на револуцијата на еден хепенинг да го одбележиме Денот на пролетта, 21 март. Сите ученици заедно со наставниците по физичко образование ќе изведиме по една активност како на часовите што ги работиме во училиштето и со тоа ќе го поддржиме овој ден. Пораката е што повеќе засадени дрвца, што почиста околина и сите заедно да се грижиме за истата“, кажа Цветан Волчески, наставник во ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.

 

Мојата порака за Денот на пролетта е сите да бидат среќни и весели затоа што пролетта носи многу убавина, во сите места низ држава, низ светот, насекаде. Ние вчера во училиштето „Гоце Делчев“ засадивме цвеќиња заедно со нашите наставнички. Ние се грижиме исто така за околината, ги фрламе отпадоците во кантата и им препорачувам на сите луѓе така да се грижат за нашата околина“, истакна Марија Тошеска, ученик во ООУ „Гоце Делчев“.

 

Мојата порака е сите луѓе да се грижат добро за околината и да имаат љубов кон природата“, додаде Марија Бошкоска, ученик во ООУ „Гоце Делчев“.

Овој проект произлезе од сесиите на Форумите во заедницата преку проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“. Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесуваше 3 милиони и 700 илјади денари. Од нив 72% се средства обезбедени од донаторот, а 28% се средства од Општина Прилеп. „Зајакнување на општинските совети“ ја финансираат Embassy of Switzerland in Macedonia, Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Децата уживаат во музиката, песната, радоста, посветени се на изучување на нови елементи од играчки кои навистина го збогатија ова делче од Могилата на непобедените и навистина создаваме една прекрасна училница на отворено која можат да ја посетуваат и учениците и слободните дечиња кои уживаат во паркот. Воедно денес е Меѓународен ден на лицата со даунов синдром, присутни се и од нашиот град и тие да уживаат на ова игралиште. Денот на пролетта го збогативме утрово и со активности кои навистина одекнаа пријатно, тоа се чистење на депонии, чистење на училниците, чистење на училиштата, но и со една голема акција на пошумување во близината на манастирот „Св. Димитрија“ кај селото Селце“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 

Добивме еден сериозен град од програмата на УНДП за зајакнување на советите, која се вика „Фаза 2“ и преку тие средства успеавме преку форумите на заедниците да ги слушнеме граѓаните кои во голем дел учествуваа на тие форуми и да избереме најдобар проект кој треба да се реализира и верувајте дека воопшто не погрешија граѓаните, како и секогаш, направивме едно прекрасно катче кое е со нота на инклузија, вклучени се катчиња за сите деца, тие ќе уживаат овде. Гледате во позадина дека се случуваат забавни делови, имаме организирано на овој хепенинг и забавен дел кој значи анимација на децата, игри, спортски дружења итн. Значи во потполност го оправдавме она што значи употреба на средства кои се донирани и ова останува да биде белег и во иднина, односно да биде едно прекрасно катче каде ќе другаруваат, ќе растат идни генерации. Еден апел до сите наши сограѓани да го чуваме ова катче“, потенцираше Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Главната цел на ова инклузивно игралиште е да се даде придонес кон обезбедување на услови за подобар психо-физички развој на децата и да се придонесе за зајакнување на социјалната инклузија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи