Денеска на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во соработка со локалната самоуправа организираат отворен ден за граѓаните. Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.
На отворениот ден, присутните имаат можност да се запознаат со артилериските системи и орудија од артилерискиот баталјон, вооружување, воената опрема и возила од повеќе единици, меѓу кои од пешадиските единици, баталјонот на воена полиција, баталјонот за врски и изидувачко разузнувачкиот баталјон. Исто така граѓаните имаат прилика да ги проследат борбените вештини на припадниците на баталјонот за специјални сили и алпинистичките вештини на ренџерите од составот на изидувачко разузнувачкиот баталјон.