Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира тутунопроизводителите дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на двете мерки, основни и дополнителни директни плаќања, за договорен и продаден ориентален ароматичен тутун од реколтата 2023.
Кон 14.300 тутунопроизводители исплатена е поддршка вредна близу 1.5 милијарди денари. Оваа реколта субвенцијата за тутун е зголемена за 20 денари за сите три класи на тутун, па така субвенцијата за прва класа предаден тутун, за прв пат до сега, постигна вредност од 100 денари по килограм.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
Од почетокот на оваа 2024 година, до денес, преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството се исплатени над 4 милијарди денари што преставува 68% од вкупниот буџет на програмата за мерките за растително и сточарско производство.
Ги информираме земјоделците и сточарите, дека во наредниот период следува реализацијата на дополнителните директни плаќања за огледувачите на говеда, кози и пчели, директните плаќања за органско производство, поддршката за земјоделците кои имаат производство во подрачја со ограничени можности, како и дополнителните плаќања за регистрираните земјоделци согласното законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Веќе се обработуваат и следува исплата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.
Истовремено АФПЗРР ја има и започнато подготовката на системот за успешен почеток на процесот за поднесување барања за финансиска поддршка, по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.